Драма во Љубош: Едно лице со прострелна рана на главата, а друго во стомакот

Две лица се потешко повредени при престрелка во село Љубош, Батинци. Престрелката се случила пред деловен објект, по расправија која избувнала меѓу четири лица, членови на две различни семејства, сите од Батинци.

-Пред деловен објект на во с.Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу Н.К.(68) и Х.К.(32), кои биле со патничко возило „голф“, од една страна и Н.Р.(48) и М.Р.(30), кои биле со патничко возило „шкода“, од друга страна, при што било употребено и огнено оружје.Притоа со повреди се здобиле Н.К. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош- соопшти МВР.

Со две возила повредените биле пренесени во старата Градска болница и веднаш биле обезбедени од страна на полициски службеници.

На едниот од повредените со прострелна рана во пределот на стомакот помош му пружиле во „Св Наум Охридски“, а второто лице поради сериозноста на повредите осо полициска придружба било пренесено на Клиника.

Завршил на операција на Максилофацијална хирургија поради скршена вилица и прострелна рана во пределот на главата.

Пред старата Градска болница беше предизвикан вистински метеж. Болницата ја обезбедуваа голем број на полициски службеници, а на самиот влез биле присутни и десетина специјалци со автоматско оружје. Дополнителен метеж предизвикале и роднини и пријатели на повредениот 30-годишен скоопјканец кои чекале за информација з здравствената состојба на пациентот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа