СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.
Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот Н.Л., исто така, ѝ упатил закани по животот.
По предлог на СВР Куманово, Основен суд Куманово донесе решение за итна мерка отстранување од домот во времетраење од 30 дена.
- Акција кај прилепското езеро: Полицијата сопре „БМВ“, уапсени двајца мажи кај кои е пронајдена дрога
- Минчев на средба со СИГМА: Во фокусот реформите во администрацијата и дигитализацијата
- Потпишан меморандум меѓу Град Скопје и НДИ за зајакнување на отпорноста од корупција
- Ѓорѓиевски: Започна темелна реконструкција на патот кон Средно Водно, се менуваат и оштетените банкини
- Семејно насилство низ Македонија: Напади со остри и тврди предмети, тепани сопружници и уапсени насилници
- Драма во кумановско семејство: Свекор со месеци и се заканувал на снаата дека ќе ја убие, судот веднаш го избрка од куќата
- Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето
- Акција во велешки локал: Тројца уапсени откако биле пријавени дека шмркаат дрога на маса


