Драма во Кина: Се запали авион со 113 патници
На аеродромот во Чонгкинг, Кина се случи драма откако се запалил авион пред полетување на компанијата „Тибет ерлајнс“.
Во авионот имало 113 патници и девет членови на екипажот, а за среќа нема жртви, додека пријавени се само полесни повреди кај некои лица.
Според Ројтерс, пилотите престанале да полетуваат според процедурите откако доживеале абнормалност, се вели во соопштението на CAAC, што довело до гребнатини на моторот и пожар откако авионот излетал од пистата.
12.05.2022 - 09:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа