Вчера во 15:20 часот во ОВР Гостивар, 22-годишна жена од Гостивар пријави дека подолг период била физички и психички малтретирана од нејзиниот партнер Б.И. од Гостивар.

Според пријавеното, пред три години тој ѝ нанел тешка повреда, а на 18.06.2026 повторно физички ја нападнал и упатил закани на неа и на нејзин пријател. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот Б.И., при што била пронајдена ловечка пушка која припаѓала на неговиот покоен татко.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version