Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил цел на киднапирање синоќа околу 20:00 часот во Белград, пренесуваат српските медиуми. Според првичните информации, пејачот бил врзан и со примена на сила внесен во сопствениот автомобил.

Напаѓачите, за кои се претпоставува дека се странски државјани, наводно барале откуп во износ од 20.000 евра. Драмата продолжила во правец кон градот Рума, каде киднаперите предизвикале сообраќајна несреќа.

По судирот, сторителите побегнале од местото на настанот, оставајќи го Кајмакоски во возилото. Засега нема официјални информации за неговата здравствена состојба, а се очекуваат детали од српското Министерство за внатрешни работи или официјално соопштение од тимот на пејачот за да се расветли целиот случај.

Exit mobile version