Драма во „Азовстал“: Цела ноќ паѓаа гранати врз импровизирана болница
Полкот „Азов“ објави видео со кое наводно ги прикажа последиците од руските напади врз импровизирана болница во „Азовстал“.
„Внимание. Цела ноќ во воено-полската болница, која се наоѓа во кругот на фабриката ‘Азовстал’ во Мариупол и каде се наоѓаат ранетите бранители, Русите масовно фрлаа тешки бомби способни да пробијат каква било бетонска одбранбена структура“, порачаа од полкот.
На снимкат аможе да се забележат и ранети лица кои се внатре во „Азовстал“.
29.04.2022 - 11:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа