Вчера во 11:10 часот во Скопје, пред објектот на ПС Аеродром, поради нарушен јавен ред и мир во ПС Аеродром приведен е Х.А.(32) од Берово.
Претходно Х.А. побарал од полициски инспектор да му биде даден видео запис од видео надзор од „Безбеден град“, за сообраќајна незгода во која учествувал, но откако му било укажано дека видео записот не може да му биде доставен без да пополни соодветно барање, тој почнал агресивно да се однесува и во неколку наврати се обидел да влезе во службените простории во полициската станица, при што снимал со мобилен телефон иако му било укажано дека тоа не смее да го прави.
По документирање на случајот, против Х.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
- Кризата со керозин ја тресе Европа: Цените на горивата пораснаа за 84%, што ги очекува патниците
- Велешанец прегазил жена на крстосница во Скопје
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС свесно ја манипулира јавноста, инфлацијата се стабилизира и покрај кризите
- Измама тешка 30.000 евра: Скопјанец „лапнал“ луксузен Мерцедес од кумановец, а не го исплатил
- Кражба во гостиварската болница: Дедо украл паричник од пациент, па му ја испразнил и картичката
- Инцидент во струшко: Татко влегол во училиште и физички нападнал соученик на својата ќерка
- Андоновски: Дигитализацијата е економска мерка која создава додадена вредност
- Пратениците изгласаа: Реформи во Обвинителството, воена соработка со Турција и нов медицински факултет во Битола


