На 07.02.2026 во 10:48 часот, одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка во СВР Тетово пријави дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози.

Утврдено е дека станува збор за четворица малолетници од скопско село, кои биле на организирана екскурзија.

Тие заедно со нивниот одговорен наставник биле задржани на лице место и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираа од тетовската полиција. 

Exit mobile version