Драма на автопатот Скопје- Велес: Прилепчани впериле пиштол кон полицајци- во обид да побегнат оштетена и наплатната рампа

 

Вистинска драма се одвивала кај наплатната рампа Скопје -Велес. Две лица од Прилеп биле уапсени откако впериле пиштол на полицајци.

-На 05.07.2021 во Велес од полициски службеници од СВР Велес лишени од слобода се И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп, бидејќи во 19.55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја  оштетиле наплатната рампа, информираат од МВР.

Според пријавеното полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

06.07.2021 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега