Др. Даниловски: Не прифаќам членување во Комисијата за заразни болести

Епидемилогот д-р Драган Даниловски вели дека не прифаќа да биде дел од Комисијата за заразни болести.

Тој преку социјалната мрежа Фејсбук ги демантираше наводите кои ги објавија дел од медиумите и ги нарече „сензационалистички“.

1. Никој никогаш од ЛДП не разговарал со мене дека планирале да ме предложат во Комисијата за заразни болести, ниту побарал моја согласност. Тоа е доволен индикатор дека С.М. од Нова ТВ не ја зборува вистината.

2. Дури и ако претпоставиме дека навистина од ЛДП имале намера да ме предложат, јавно изјавувам дека:

- Не прифаќам било чиј предлог за членување во Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Овој мој став се темели на свесноста дека Комисијата за заразни болести никогаш не може автономно да функционира, колку и да се трудат членовите така да биде!

Зошто? Затоа што таа претставува само советодавно тело на Министерот за здравство. Таа нема ингеренции да носи извршни одлуки, туку само заклучоци, кои му ги предлага на Министерот. Тој може, ама не мора, да ги прифати. Крајната одлука е само негова и би требало да биде извршна.

Арно ама, ниту неговите одлуки во тек на пандемијава не се извршни. Треба да поминат на Кризен штаб при Владата – евентуално да се модифицираат (влијание на политика!) - и дури потоа формално да се прифатат од Владата.

Во таков амбиент, за мене е неприфатливо да ја жртвувам својата автономија.

- Останувам со автономен, независен статус како досега – член на универзитетската заедница – и продолжувам да функционирам волонтерски во врска со сѐ што значи стручна помош секому што ќе ми се обрати: Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство – но, пред сѐ, граѓаните.“, напиша Даниловски на социјалните мрежи.

 

 

17.01.2022 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега