Доживотен затвор за манијакот од Волга кој уби 31 жена


Рускиот сериски убиец, познат како манијакот од Волга, денеска е осуден на доживотен затвор за убиство на 31 жена, јави државната новинска агенција ТАСС.

Радик Тагиров беше уапсен во 2020 година под сомнение дека извршил убиства во 15 града во и околу регионот Татарстан, околу 730 километри источно од Москва, помеѓу 2011 и 2012 година.

Тој понекогаш се претставувал како социјален работник, електричар или водоинсталатер за да влезе во домовите на жените пред да ги задави и да им ги украде вредните работи, соопшти полицијата.

Тагиров бил бравар, а претходно бил во затвор поради ситни кражби. Судот во градот Казан го прогласи за виновен и за неколку обиди за убиства и напади врз уште 34 постари жени, пренесе ТАСС.

21.03.2024 - 14:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега