Дождот донесе среќа за пожарите, мака за жителите во делчевско: Поплавени се улици, се судрија возила

Обилните врнежи од дожд кои денеска околу 14 часот го зафатија делчевскиот регион, создадоа проблеми, како во градот, така и на магистралата А3.

Поради одрони кај месноста Маркова Чешма едно возило удрило во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се и неколку улици во градот.

Сообраќајот на магистралниот пат се одвива по влажни коловози.

Меѓу улиците кои се под вода се Маршал Тито и крајот од улицата Булевар Македонија, истите сообраќајници кои настрадаа и во минатогодишните поплави кои гозафатија Делчево.

19.08.2024 - 17:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега