Денес времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, а на планините дожд и слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој на одредени места долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе биде од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи меѓу 2 и 8 степени, додека максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Утре ќе продолжи променливо облачно време. Во источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, како и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен, а на моменти и силен северен ветер, кој на некои места ќе надминува 70 km/h. Од недела па до средината на следната седмица се очекува сончево време со мала до умерена облачност и значително повисоки температури.

