Дожд, снег и силен ветер утрово во Македонија - метеоролозите со нови најави за времето

Претпладне променливо облачно, на места во југозападните делови се уште ќе има услови за слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

АМСМ утрово преку вонредно соопштение соопшти дека снег врне во Маврово и на планиските премини Буково и Стража.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските до недела на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега