Close Menu
Press24
    Најново

    Штипјанец сее обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција

    29.10.2026 во 17:02

    Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини

    29.10.2026 во 16:56

    Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари

    29.10.2026 во 16:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Штипјанец сее обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Достигна височина од 427 метри: Еруптираше вулканот Калауела

    Достигна височина од 427 метри: Еруптираше вулканот Калауела

    26.12.2025 во 15:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вулканот Килауеа на Хаваи еруптираше на Бадник со фонтани од лава што достигнаа височина до 427 метри.

    Шестчасовната ерупција на Големиот остров се случи во кратерот Халемаумау, а беше снимена од камерите на Геолошкиот завод на САД (УСГС), пишува УСА Тудеј.

    Сè започна во вечерните часови на 23 декември, а заврши малку по два часот наутро по локално време на самиот Бадник, 24 декември. Според USGS, камерите прво ја снимиле активноста кратко по 2:30 часот наутро. Светлечките сцени на лава што еруптира од северните и јужните отвори на кратерот можеа да се гледаат во живо преку интернет камери.

    Килауеа, кој се наоѓа во рамките на Националниот парк Хавајски вулкани, е меѓу најактивните вулкани во светот. Оваа последна ерупција беше веќе 39-та регистрирана оваа година. Претходната епизода, 38-ма, се случи претходно овој месец и траеше речиси 12 часа.

    Научниците проценуваат дека вулканот е создаден пред приближно 280.000 години, а се издигнал над нивото на морето пред речиси 100.000 години.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.