Досега невидено: Ноќеска е украдено болничко возило од кочанската болница

 

Според неофицијални, но добро упатени извори, ноќеска од кругот на Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Кочани е украдено едно возило на брзата медицинска помош, марка „Тојота“, пренесува aktuelnosti.mk.

Вработен од болницата вели дека полицијата извршила увид во здравствената установа. Се работи за возило кое Општа болница го доби како донација.

Оваа несекојдневна кражба се случува како продолжение на зачестените кражби на трактори, автомобили и комбиња по кочанските села, кои исчезнуваат на чудесен начин, без да бидат откриени, односно пронајдени.

Истото возило било украдено ноќеска во 3 часот, а утрово во 8 било пронајдено.

Официјални информации од МВР се уште нема, откако ќе биде настанот регистриран во дневниот билтен, дополнително ќе информираме за деталите.

03.12.2022 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега