До Собранието до овој момент поднесени се четири кандидатури за нов државен јавен обвинител, информираше собраниската прес-служба. Рокот за поднесување кандидатура истекува вечерва на полноќ. 

До петокот доставени беа три кандидатури. Медиумите објавија дека станува збор за судијата Ненад Савески од скопски Кривичен, поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски и обвинителката од скопското обвинителство Лидија Раичевиќ. Кој е четвртиот кандидат засега е непознато, меѓутоа во јавноста се споменуваа имињата на обвинителите Златко Биковски и Јован Цветановски. 

Според огласот, право да се пријават имаат обвинители и судии кривичари со најмалку 10 годишно работно искуство.. Секој од канадидатите ќе биде оценет од Советот на јавни обвинители кој  списокот со имиња ќе го испрати до владата. Таа ќе треба да одбере еден од позитвно оценетите и да го предложи на Собранието како кандидат за нов државен јавен обвинител.. За негов избор потребни се најмалку 61 пратенички глас.

Exit mobile version