Close Menu
    Најново

    Инспекција ги затвори новогодишните куќарки – немале основна хигиена

    24.12.2025 во 13:48

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени седум лица

    24.12.2025 во 13:43

    Месечна временска прогноза: Годината ќе заврши со дожд а ќе почне со снег

    24.12.2025 во 13:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Инспекција ги затвори новогодишните куќарки – немале основна хигиена
    • Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени седум лица
    • Месечна временска прогноза: Годината ќе заврши со дожд а ќе почне со снег
    • Кривични пријави за петмина паланчани: Брутално претепале двајца мажи среде бел ден
    • Мастербет донираше близу 400 новогодишни пакетчиња за хуманитарните активности на Црвениот крст
    • Дојде зимата – каде има снег во моментов
    • Возете внимателно: Густа магла ја намали видливоста на 30 метри, провејува и снег
    • Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Пошта, наша цел е Македонска пошта да ја издигнеме со најдобар квалитет
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Донатела Версаче замина во пензија

    Донатела Версаче замина во пензија

    27.03.2025 во 15:41
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Заминувањето на Донатела Версаче од челната позиција на „Версаче“ предизвика „потрес” во модниот свет, а токму таа беше заслужна за неколку тоалети на црвениот тепих што го освоија целиот свет. Меѓу нив е и „најпознатиот фустан на светот”- од 2000 година.

    Донатела Версаче го презеде претседателствто во 1997 година, кога нејзиниот брат Џани Версаче беше убиен на свои 50 години. А сега, првпат во 47-годишната историја, со луксузниот моден бренд ќе управува некој без презимето Версаче. Тоа, откако Донатела објави дека се повлекува од своето место и оти нејзиното место ќе го заземе Дарио Витале – некогашниот главен креативен директор на брендот „Миу Миу“ (Miu Miu).

    „Ми беше најголема чест во животот да го продолжам наследството на мојот брат Џани. Тој беше вистински гениј, па се надевам дека имам малку од неговиот дух и упорност. Во мојата нова улога како главен амбасадор на брендот, ќе останам најстрастниот поддржувач на ‘Версаче’. ‘Версаче’ е во мојата ДНК и секогаш во моето срце“, напиша Донатела на својот интернет-простор.

    Меѓу најпознатите нејзини креации, секако е фустанот „што го урна интернетот“, а којшто Џенифер Лопез го носеше на доделувањето на „Греми“-наградите во 2000 година. Тоалетата беше толку впечатлива што бројот на пребарувања на „Гугл“ доведе до создавање на опцијата „Гугл имиџис“ (Google Images) – пребарување по слики.

    – Фустанот беше доволно провокативен, претпоставувам, за навистина да ги заинтересира луѓето, изјави Лопез на 20-годишнината од првото облекување.

    Меѓу познатите „парчиња“ облека на „Версаче“ е она што го носеше Бритни Спирс во 2003 година во Милано, на Џенифер Гарнер во филмот „Од 13 на 30“ (13 Going on 30), на Анџелина Џоли за премиерата на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, како и на Блејк Лајвли за „Мет-галата“ во 2018 година.

    Популарно

    Подгответе се за снег и студ: УХМР со најнова прогноза

    23.12.2025 во 17:58

    Грета Тунберг уапсена во Лондон

    23.12.2025 во 17:39

    Крај на паркинг-хаосот во „Мајка Тереза“: Клинички центар добива дигитален водич и нов систем за паркирање

    24.12.2025 во 09:39

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.