Докторка од Кавадарци позитивна на Ковид-19 - работела во друг град

 

Докторка од Кавадарци, која работела во друг град во државава, е новиот позитивен случај на КОВИД-19.

Таа е со лесна клиничка слика и е на домашно лекување.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА изутринава изјави дека се работи на утврдување на нејзините контакти, со цел нивна изолација.

Од почетокот на епидемијата досега, во Кавадарци заболеа 32 лица,  во Росоман едно, Неготино 12, а во Демир Капија 10 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега