Доктор на политички науки - кој е Александар Даштевски, новиот претседател на ДИК

Новоизбраниот претседател на ДИК, Александар Даштевски, кој како прв човек на Комисијата, доаѓа на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека е добро што се се завршило навреме, бидејќи тоа е важно за добро организирање на изборниот процес и не треба да има празнина помеѓу две комисии.

За својот избор и тоа што доаѓа на предлог на опозициската партија вели дека „изборот е по предлог на партија до избирање“, а оти потоа согласно законот и Уставот ќе работи стручно и професионално.

– Самиот Закон вели дека треба да ги правиме после работите стручно и професионално, така што тука завршуваат партиската помош. Може да се каже дека сум јас најнепартиски, ниту сум член во тело на некоја партија, така што тоа е само за изборот. Веројатно верувале дека можам да сработам добро и поради тоа се одлучиле за мене – изјави Даштевски.

Даштевски е роден во декември 1962 година.

По професија е правник.

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1988 година.

Магистар е по меѓународни односи и дипломатија и е доктор на политички науки.

Зборува француски и англиски јазик.

Моментално работи како вонреден професор на Универзитетот за туризам и менаџмент, каде е претседател на Сенатот.

Од 2016 година до денеска таму предава политички маркетинг, деловна етика, општествена одговорност…

Од 2016 до 2020 година бил и професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде предавал меѓунардно приватно право и меѓународно стопанско право.

Неколку месеци бил и предавач на Универзитетот Американ колеџ во Скопје, каде предавал меѓународни човекови права, меѓународно право…

Во 2013 година станал доцент на Универзитетот Евро-Балкан во Скопје, а во периодот од 2012 до 2015 година бил и генерален директор на овој Универзитет.

Во периодот од 2010 до 2012 година бил директор на приватното трговско друштво Витрувио 2011 ДОО Скопје.

Во периодот од 2004 до 2006 година бил генерален директор на Трготекстил АД-Скопје.

Во периодот од 1989 до 1998 година работи како адвокат во сопствена канцеларија.

На јавноста и е познат како претседател на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, која ја водеше од 2016 до 2020 година.

Во периодот од 2006 до 2009 година бил член на ДИК.

Во периодот од 2000 до 2003 година бил помишник директор на Царинската управа, каде во периодот од 1999 до 2000 година бил и советник.

Во периодот од 1998 до 1999 година бил републички советник и во Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега