Германскиот авиогигант „Луфтханза“ денеска се соочува со колосални проблеми откако пилотите и кабинскиот персонал стапија во еднодневен штрајк. Иако точниот број на приземјени авиони не е официјално соопштен, компанијата потврди „бројни откажувања“ кои ќе ги погодат патниците ширум светот, вклучувајќи ги и главните центри како Франкфурт и Берлин.

Од компанијата апелираат до сите патници да го проверат статусот на својот лет пред да тргнат кон аеродромите. За оние чии летови се веќе откажани, понудени се неколку опции:

  • Префрлање на летови кај партнерски компании во групацијата.
  • Бесплатна замена на авиобилетот со билет за возовите на „Дојче Бан“.
  • Нормализација на сообраќајот се очекува дури утре (петок).

Причина за овој колопс е битката меѓу синдикатите и раководството околу пензиските фондови и социјалните планови, додека компанијата се обидува да ги намали трошоците по минатогодишните загуби.

Exit mobile version