Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка, ќе се гради автопат или експресен пат

    02.03.2026 во 21:25

    Ивица Дачиќ симнат од респиратор

    02.03.2026 во 21:00

    Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман

    02.03.2026 во 20:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка, ќе се гради автопат или експресен пат
    • Ивица Дачиќ симнат од респиратор
    • Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
    • Егзодус на богатите од Дубаи: Приватните летови достигнаа вртоглави 350.000 долари
    • Брисел го активираше Европскиот механизам за заштита и Координативниот центар
    • МНР до сите Македонци: Не патувајте во поширокиот регион на Блискиот исток
    • Се распоредуваат полицајци покрај амбасади, дополнително обезбедување и кај складиштата за оружје: Орбан го подига нивото на безбедност
    • Евакуација на аеродромот во Пафос – сомнителен објект ја активираше грчката авијација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дојран: Пријателството заврши со убиство – со шипка пијан пола саат го тепал другар му пред кафеана

    Дојран: Пријателството заврши со убиство – со шипка пијан пола саат го тепал другар му пред кафеана

    04.11.2025 во 11:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истрага против едно лице осомничено за убиство по член 123 став 1 од Кривичниот законик, откако на 1 ноември попладне, во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот свој познаник.

    Според информациите, осомничениот и сега починатиот Никола Тимев претходно биле пријатели и заедно седеле пред еден угостителски објект, каде пиеле. Меѓу нив настанала вербална расправија, која брзо прераснала во физичка пресметка.

    Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на рацете, нозете и черепот. Нападот траел речиси половина час, по што напаѓачот го оставил тешко повредениот Тимев на скалите и побегнал од местото.

    Случајни минувачи го забележале повредениот и повикале итна медицинска помош. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но поради тешките повреди и обилното крварење подоцна починал.

    Јавниот обвинител достави предлог за притвор до судијата на претходна постапка, бидејќи постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците во текот на истрагата.

    Инцидентот го потресе мирното дојранско село, а истрагата треба да ги утврди сите околности што довеле до овој трагичен настан.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Војната ескалира: Нападната територија на земја членка на ЕУ

    02.03.2026 во 10:00

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.