Трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје денеска е целосно евакуиран откако во Министерството за внатрешни работи пристигнала заканувачка порака за поставена експлозивна направа.

Според првичните информации од МВР, заканата е добиена денеска, 25 април 2026 година, преку електронска пошта испратена на адреса на Министерството. Веднаш по приемот на пораката, активирани се безбедносните протоколи, а трговскиот центар е испразнет од вработените и посетителите.

Полициски службеници веќе се на терен и вршат детални антитерористички проверки во објектот со цел утврдување на веродостојноста на дојавата и обезбедување на локацијата.

Exit mobile version