Close Menu
Press24
    Најново

    Тетовец продолжил со правдата на улица: Тепачка по завршување на судско рочиште

    17.03.2026 во 23:49

    Куманово: Пресретнати двајца дилери со „роба“ подготвена за пазарот

    17.03.2026 во 23:33

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тетовец продолжил со правдата на улица: Тепачка по завршување на судско рочиште
    • Куманово: Пресретнати двајца дилери со „роба“ подготвена за пазарот
    • Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате
    • Дневен хороскоп за 18 март: Младата месечина во Риби носи нови почетоци
    • Три знаци влегуваат во период на изобилство и успех
    • Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението
    • Чудо во Русија: Жена паднала од петти кат, станала и си заминала
    • Русија нема безбедни региони, предупреди Шојгу за украински напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Додик повторно со закани: „БиХ е завршена приказна, РС ќе стане независна држава“

    Додик повторно со закани: „БиХ е завршена приказна, РС ќе стане независна држава“

    05.11.2025 во 17:46Updated:05.11.2025 во 18:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, повторно упати закани за одвојување на РС од Босна и Херцеговина, реагирајќи на одлуката на Уставниот суд на БиХ кој ја отфрли неговата жалба против казната со која беше осуден на една година затвор и поради која му беше одземен мандатот.

    „Јасно е дека Уставниот суд на Босна и Херцеговина е дел од кланот чија цел е да го укине Дејтонскиот мировен договор“, изјави Додик на прес-конференција во седиштето на неговиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) во Бања Лука, пренесе Индекс.хр.

    Иако му беше изречена шестгодишна забрана за политичка активност, Додик и натаму се претставува како претседател на Република Српска и на СНСД. Според толкувањата на Судот на БиХ, тој не би можел да ја извршува ниту партиската функција, но процедурата сè уште се разгледува во Основниот суд во Бања Лука.

    Во меѓувреме, Парламентот на РС ја назначи Ана Тришиќ Бабиќ за привремена претседателка до изборите закажани за 23 ноември.

    „Зборувам од просториите на СНСД само од формални и правни причини“, рече Додик, додавајќи дека „Босна и Херцеговина ќе се распадне, а РС ќе стане независна држава“.

    „Сè што кажавме дека се наши политички цели, ќе биде нашата ориентација во иднина“, додаде тој.

    Додик изјави дека за него БиХ е „завршена приказна“ и најави општа парализа на институциите на државно ниво. Потсети дека Парламентот на РС во февруари усвоил закони кои водат кон сецесија, но тие биле поништени под притисок на американската администрација.

    И покрај тоа, Додик не покажува намера за повлекување. „РС и јас, како претседател, веруваме дека не постои уставна БиХ. Постои БиХ во слободен пад и сакам да кажам — нека оди по ѓаволите“, изјави тој.

    Тој ја обвини Европската Унија дека „поттикнува анархија и сака да ѝ ги одземе сите права на РС“, а како главен виновник ја посочи еврокомесарката Марта Кос.

    „Да нè влечат во ЕУ без статус и право на глас — јас сум против тоа. РС ќе биде против тоа“, порача Додик.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Три знаци влегуваат во период на изобилство и успех

    17.03.2026 во 23:17

    Дневен хороскоп за 18 март: Младата месечина во Риби носи нови почетоци

    17.03.2026 во 23:23

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.