Додик: На ЛГБТ-активистите да им се забрани влезот до училиштата

 

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека во Република Српска ќе се донесе закон со кој на припадниците на ЛГБТ-заедницата ќе им се забрани влез во образовните институции.

„Значи, во градинките, училиштата и на факултетите нема да може да пристапат, нема да може да вршат пропаганда“, изјави синоќа Додик во интервју за телевизијата „К3“.

Тој рече дека тоа е „институционална одговорност на властите во Република Српска, кои на овој начин сакаат да ги зачуваат, како што рече, традиционалните и семејните вредности“ на луѓето.

Причина за ова е неодамнешниот напад на хулигани врз активисти на ЛГБТ-заедницата и новинари во Бања Лука за што ги обвинија Додик и градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, дека со своите ставови и изјави го предизвикале нападот.

Нападнатите членови на ЛГБТ-заедницата и новинарите биле принудени да ги напуштат Бања Лука и Република Српска бидејќи полицијата не можела да им гарантира безбедност, пренесува „Неделник“.

24.03.2023 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега