Доделена главната награда – Опел Астра од наградната игра на Телеком: „Телеком наградува“

Имет Имери од Скопје е добитник на најновиот модел Опел Астра, главната награда од наградната игра на Македонски Телеком „Телеком наградува“. 

Имет е припејд корисник на Македонски Телеком и денес ги доби клучевите од својот нов автомобил.

Во наградната игра којашто траеше од 21.11.2022 до 09.1.2023 учествуваа 52 000 припејд и постпејд приватни корисници, со бесплатно регистрирање преку апликацијата Telekom MK, а секој регистриран учесник добиваше и 5 GB мобилен интернет.

Освен главната награда, Опел Астра, Македонски Телеком доделуваше и по еден T Phone смартфон дневно, со што вкупно се доделени 50 TPhone смартфони.

Сите добитници се објавени на веб страницата на Македонски Телеком.

31.01.2023 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа