Вчера околу 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор на основно училиште во с.Св.Петка, скопско, Ф.Љ.(21) од истото село бил физички нападнат од И.Р. и М.Р., при што И.Р. употребил метален предмет, додека М.Р. со остар предмет му нанел убодни рани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Exit mobile version