Добродушна, тврдоглава, страсна: Сè што треба да знаете за жената Лав

Добродушна, привлечна, страсна, тврдоглава, упорна, љубезна, лојална, искрена, горделива, полна со живот, роден лидер – сето ова ги опишува жените родени во хороскопскиот знак Лав.

Жената Лав многу лесно ќе ја препознаете во друштвото – таа се смее најгласно, има најубава насмевка и зрачи со самодоверба.

Со овој хороскопски знак владее Сонцето па затоа и жената Лав сака да биде во центарот на вниманието. Има цврст карактер и кога е потребно ќе ги покаже „канџите“ и ќе се брани, а кога е лута може да ја „купите“ со комплименти и внимание. Таа сака да биде победник, а благодарение на нејзината интелигенција, досетливост и креативност успева во животот.

Секс и врски

Независна и сигурна во себе, жената Лав сака партнер со кој ќе ги дели овие особини. Не бара некој кој ќе се грижи за неа, туку маж кој ќе ѝ помогне да ја зацврсти самодовербата и со негова помош да се покаже во вистинското светло пред светот. Во врската сака забава и динамика, мрази рутина и секогаш бара акција.

Сексот е исклучително важен за неа и е начин како партнерот да ѝ докаже дека ја посакува. Сака секси долна облека, но и да биде доминантна во спалната соба. За неа во сексот не постои табу, сака да проба сè, но исто така сака нејзиниот партнер да ужива подеднакво. Најдобро се согласува со Стрелците, Близнаците и Вагите.

Пријателство

Благодарение на нејзиниот ентузијазам, магична енергија и топлина, жената Лав како магнет ги привлекува луѓето околу себе, а нејзините пријатели ја сакаат и ѝ се восхитуваат. Добродушната жена Лав е една од најдобрите пријатели кои може да ги имате во животот. Никогаш нема да ве изневери и секогаш ќе биде тука за вас.

Изглед

Густа, долга коса, изразени црти на лицето, големи, топли очи, широко чело и мали уши се карактеристиките по кои ќе ја препознаете жената Лав.

Жената Лав е висока, има цврста и елегантна мускулатура на телото. Секогаш изгледа убаво. Обожава накит и други модни додатоци.

Стил

Сакаат да носат облека во жолти и портокалови нијанси. Бираат облека со добар квалитет, а сакаат да се облекуваат поинаку од другите.

Најмногу сакаат свила и кашмир. Најсамоуверено се чувствуваат кога ќе излезат од фризерски салон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега