Добро погледнете ги вашите дланки и споредете ги малите прсти- ако воочувате разлика станува збор за невобичаен „деформитет“

Добро погледнете ги вашите дланки и споредете го малиот прст на левата со малиот прст на десната рака. Ако забележувате разлика, еве за што станува збор.

Ако веќе со години не го испуштате телефонот од раце, голема е веројатноста да патите од „смартфон мал прст“ (smartphonepinky), деформитет кој го предизвикуваат паметните телефони од кои веќе никој од нас не се одвојува. 

Не само што паметните телефони влијаат на менталното здравје, туку судејќи по сè тие влијаат и на физичкото. Голем број луѓе пријавуваат случаи на вдлабнување на прстите кое е предизвикано од држењето на телефонот.

 
 
 
View this post on Instagram

#smartphonepinky #bentpinky #toomuchscreentime will it ever go back normal

A post shared by Laura Ellis (@laurae272) on Apr 28, 2019 at 3:02pm PDT

Доколку го придржувате телефонот со малиот прст, веројатно и вие имате вдлабнување за кое зборува целиот свет. Иако лекарите сè уште не дале официјална потврда дека телефоните се главните виновници за искривеност на прстите, д-р Парина Патер вели дека постојат причини за верување дека претераната употреба на мобилен телефон може да влијае на нашата мускулна функција и може да ги оштети зглобовите.

Некои истражувања исто така откриле дека прекумерната употреба на паметни телефони може да предизвика болка во палците, а што се однесува до истата, д-р Патер има решение: стиснете ја во тупаница раката со која најчесто го држите телефонот, а потоа добро истегнете ги прстите. Ваквата вежба практикувајте ја неколку пати на ден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега