Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 % во однос на одлуката од 13.10.2025 година.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,614 ден/кг и сега ќе изнесува 36,047 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.10.2025 година.
Од 21.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 36,047 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,047 (денари/килограм)
Актуелно
- Падна камионџија: Српската полиција заплени 50 килограми марихуана во камион од Унгарија
- Украдени се работите на Бака Прасе од запалениот автомобил вреден половина милион евра
- Трагедија: Фудбалер пронајден мртов во шума
- Хаос околу тренерките во училиштата во регионот: Еве кога учениците ќе бидат исфрлени од училница
- Голем удар за Белата куќа: Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп
- Еве кој може да смета на речиси 1.500.000 динари: Српската влада усвои уште една програма за поддршка
- СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски
- (ФОТО) МВР со шокирачки детали за планираниот масакр во Македонија: Терористот спремал над 600 куршуми, ножеви, автоматски пушки и панцири


