Цените на суровата нафта продолжија со падот на светските берзи откако американскиот министер за финансии Скот Бесант најави нови санкции против Иран, насочени кон дополнителна економска изолација на земјата.

Американската сурова нафта WTI утрово се тргуваше по цена од околу 87 долари за барел, додека суровата нафта од Северното Море „Брент“ чинеше околу 94 долари за барел.

Инвеститорите и аналичарите внимателно ги следат можните ефекти од новите мерки врз извозот на иранска нафта, но и прашањето дали санкциите би можеле да ги забрзаат или забават обидите за прекин на конфликтот меѓу САД и Иран.

Американскиот министер Бесант предупреди дека барем една голема финансиска институција би можела да биде погодена од санкции уште оваа недела, алудирајќи дека Кина нема да биде ослободена од новите мерки.

Од друга страна, Иран претходно ја покажа својата способност да ги заобиколи санкциите на Вашингтон, упатувајќи и предупредување до другите земји да не ги поддржуваат мерките на САД против Техеран.

Во меѓувреме, испораките на нафта преку Ормутскиот теснец продолжуваат да течат непречено, а обемот на транспорт останува релативно висок и покрај зголемените геополитички тензии. Извештаите сугерираат дека околу 16 милиони барели нафта поминале низ овој премин преку ноќ минатата недела, иако тие количини знаат да варираат.

Падот на цените на светските пазари доаѓа во време кога берзите проценуваат дали новите американски ограничувања реално ќе го намалат иранскиот извоз или Техеран повторно ќе најде начини за нивно заобиколување.

Exit mobile version