Владата на Република Србија на денешната седница усвои заклучок со кој наложи да се намали целиот износ на сметката за граѓаните кои во текот на јануари поради снежни врнежи биле без струја повеќе од 24 часа континуирано.

Ова се однесува на граѓаните што живеат во административните области Бор, Златибор, Моравички, Мачва, Колубара и Заечар, се вели во соопштението од Владата на Србија.

Заклучокот ги обврзува компаниите Електрорежа Србија и Електродистрибуција Србија да им обезбедат на снабдувачите со електрична енергија податоци за областите каде што имало прекини на електричната енергија во јануари оваа година, како и податоци за крајните корисници на електрична енергија од оние области каде што имало ненајавени прекини на електричната енергија повеќе од 24 часа кумулативно.

Исто така, овие компании се одговорни за сносење на трошоците за намалување на сметките во целост за крајните корисници и, по завршувањето, да подготват Извештај за спроведувањето на заклучокот и да го достават до Владата.

Exit mobile version