Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 28.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,865 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.11.2025 година
Актуелно
- Катастрофата во Хонг Конг резултираше со најмалку 65 загинати – многу се водат за исчезнати
- Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес
- Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија
- Рокас во Кочани: ЕУ останува сигурен партнер за заздравување на градот по трагедијата
- Хoспитализирани уште три деца, АХВ спроведува вонредни контроли во девет училишта во Kарпош
- Стојаноски: Ќе го прифатиме барањето за седница на Постојаната анкетна комисија, но сите треба да бидат консултирани за терминот
- Зошто автомобилот троши повеќе во зима?
- Путин со ултиматум: Или украинските сили ќе се повлечат, или ќе ги земеме териториите со сила

