Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека Општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница. Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени.
- Роберт Голоб прогласи победа во Словенија
- Малолетници со чашка во рака – Полицијата упадна во 12 угостителски објекти во Аеродром, 3 ќе се соочат со кривични
- Муцунски во дводневна посета на Брисел – Клучни средби со Марта Кос и европските челници за иднината на македонските евроинтеграции
- Среќни вести: Костадинов ќе стане татко, познат полот на бебето и името
- Хаос на границите од утре: Транспортерите од регионот повторно ќе блокираат гранични премини
- Разбојништво во Скопје: Вооружено лице за еден час нападна продавница, обложувалница и казино
- Хаос на патиштата – Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување, дури осуммина немале ниту возачка дозвола
- Ја фрлил сопругата по скали – Семејното насилство во Македонија не стивнува

