Јануари ќе помине во променливо време, со комбинација од сончеви периоди, зголемена облачност и повремени врнежи од дожд и снег, покажуваат временските прогнози.
Во првата половина од месецот ќе преовладува студено, но стабилно време, со сончеви и делумно облачни денови. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека утринските ќе бидат значително пониски и на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, со појава на мраз. Се очекуваат и -10 степени во некои повисоки населени места што ќе биде најниска температура оваа зима
Во втората половина на јануари се очекува зголемена облачност и нестабилност, со повремени врнежи. На пониските места врнежите ќе бидат од дожд, додека на планините и повисоките места ќе има услови за снег. Температурите во овој период ќе се движат од 6 до 12 степени, а ноќните ќе бидат околу или под нулата.
Метеоролозите најавуваат дека и покрај повремените врнежи, не се очекуваат екстремни временски појави, но апелираат на внимателност поради можна појава на голомразица, особено во утринските и вечерните часови.
Февруари ќе донесе типично зимско време, со студени утра, умерени дневни температури и повремени врнежи од дожд и снег, покажуваат временските прогнози.
Во првата половина од месецот ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи, претежно од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Дневните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека утринските ќе бидат значително пониски и на повеќе места ќе се спуштаат до -7 степени, со појава на мраз.
Во средината на февруари се очекува стабилизирање на временските услови, со повеќе сончеви периоди и умерени температури. Максималните дневни температури ќе достигнуваат од 7 до 8 степени, а минималните ќе се движат од -1 до -3 степени.
Кон крајот на месецот следува постепено затоплување, со повеќе сончеви денови и значително повисоки дневни температури, кои на одделни места ќе достигнат и до 12–13 степени. Утринските температури и натаму ќе бидат ниски, но без поекстремни минуси.
Метеоролозите предупредуваат на можна појава на голомразица, особено во утринските часови, како и на внимателност во сообраќајот во деновите со врнежи.

