До сега 8 кандидати сакаат да бидат Претседател на Македонија - кој ќе собере потписи

До сега, од политичките партии официјална кандидатура има само Левица со Билјана Ванковска  и албанската опозиција со Таравари. Кандидатура најави и ЗНАМ на Максим Димитриевски како и докторот Вело Марковски. Вечерва ќе се официјализира и кандидатурата на партијата на Стевчо Јакимовски.  Сите тие од петок ќе треба да почнат да ги собираат потребните 10.000 потписи.
Во ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне истекува рокот за пријавување на нивниот оглас а партијата својот кандидат ќе го официјализира на 2 март.
Во СДСМ исто така тече процес на внатрешно кандирање но нема прецизен датум кога би се одржал партискиот конгрес.
Свој кандидат на изборите ќе има и ДУИ. Некои неофицијални информации велат дека партијата ќе го кандидира кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари.
Со тоа, листата на кандидати за Претседател на овој момент брои осуммина. Сепак, кој ќе биде кандидат ќе се знае по завршувањето на постапката за собирање на потписи.
Таа почнува во петок, а ќе заврши на 8 март. Постои можност и 30 пратеници во Собранието да предложат кандидат за Претседател но во моментов таа опција им стои на располагање само на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, кои пак никогаш не ја користеле.

 

21.02.2024 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега