На сите 27 гласачки места во општина Дебар денеска непречено се одвива вториот круг од изборите за градоначалник, со излезност слична на онаа во првиот круг.

– „До 9 часот правото на глас го остварија 287 граѓани, што е 1 отсто од вкупно запишаните 19.762 во единствениот избирачки список. Во првиот круг до 9 часот правото на глас го искористија 242 гласачи, што е идентичен процент со денешниот“, рече Рилинд Хаса, претседател на општинската изборна комисија.

За споредба, во вториот круг на локалните избори во ноември 2021 година, до 9 часот излезноста беше повисока – тогаш гласале 480 граѓани, што претставуваше 2,5 отсто од запишаните 19.211 избирачи.

Хаса додава дека изборниот процес тече без проблеми и дека комисијата очекува истиот тек да продолжи до неговото завршување. Поголема излезност вообичаено се очекува во попладневните часови.

Exit mobile version