Close Menu
Press24
    Најново

    Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила

    03.03.2026 во 23:10

    Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи

    03.03.2026 во 22:54

    Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра

    03.03.2026 во 22:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила
    • Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи
    • Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра
    • Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
    • Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
    • Вреди наскоро ќе биде една партија
    • Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
    • Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » До 5.000 евра казна и затворање објекти – нов Закон за заштита од пушење

    До 5.000 евра казна и затворање објекти – нов Закон за заштита од пушење

    11.01.2026 во 10:203 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи. Предлог-законот, изготвен од Министерството за здравство, попладнево беше објавен на платформата ЕНЕР, а неговата цел е системска заштита на јавното здравје и намалување на пушењето како една од водечките причини за смртност и хронични заболувања во земјава.

    Целосна забрана за пушење во јавни и работни простори

    Со новиот закон се воведува целосна забрана за употреба на тутун, електронски цигари, загреан тутун и други никотински производи во речиси сите јавни, работни и заеднички простори. Забраната опфаќа здравствени, образовни, културни и спортски установи, државни институции, работни места, јавен превоз, аеродроми, железнички и автобуски станици, угостителски објекти, трговски центри, пазари и саеми, како и заеднички простории во станбени згради.

    Пушењето ќе биде забрането и во приватни возила доколку во нив има деца, како и во и пред објекти каде се организираат забавни и рекреативни активности за деца.

    „Во објектите и просториите, одговорното лице на правното лице е должно да постави ознака за забрана на пушење и да обезбеди контрола на спроведувањето на забраната за пушење“, пишува во предлог-законот.

    Дозвола за пушење ќе постои исклучиво на строго дефинирани отворени простори, кои мора да бидат физички одделени, отворени од најмалку три страни и без стаклени, пластични или најлонски прегради.

    Строга забрана за рекламирање и медиумска промоција

    Предлог-законот предвидува целосна забрана за директно и индиректно рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи. Ограничувањата се однесуваат и на медиумите, филмовите, сериите, видеоигрите и интернет-содржините.

    Прикажувањето на пушење ќе биде дозволено само кога е неопходен дел од уметничката концепција, исклучиво за возрасна публика и со задолжителна здравствена порака дека пушењето е штетно по здравјето.

    Крај за аромите и вкусовите

    Една од најрестриктивните мерки е целосната забрана за производство, увоз и продажба на тутунски и никотински производи со ароми и вкусови, вклучувајќи ментол, овошни и други додатоци. Забраната ги опфаќа електронските цигари, течностите со и без никотин, загреаниот тутун и бездимните производи.

    Според образложението, ваквите вкусови директно ги таргетираат младите и го зголемуваат ризикот од рано создавање зависност од никотин.

    Ограничувања за продажба и изложување

    Со новиот закон се забранува продажба на тутунски производи на парче, преку автомати, самопослужување и онлајн. Продажбата нема да биде дозволена ниту во угостителски објекти, на плажи, пазари, саеми и за време на јавни настани.

    Изложувањето на цигари и други никотински производи на видливо место во продавниците ќе биде забрането, а тие ќе мора да се чуваат во затворени шкафови.

    „Шкафовите за складирање треба да бидат конструирани на таков начин што ќе се спречи визуелното прикажување на тутунските производи кон потрошувачите кога шкафовите се отворени. Шкафовите за складирање на тутун, и други производи што содржат тутун и/или никотин, како и уреди за консумирање на тутун и никотин, не смеат да имаат надворешно осветлување и треба да бидат во боја што не го привлекува вниманието на посетителите“, се наведува во предлог-законот.

    Високи казни и затворање објекти

    Надзорот над спроведувањето на законот ќе го вршат повеќе институции, меѓу кои Државниот пазарен инспекторат, санитарниот и здравствениот инспекторат, МВР, инспекторатите за труд и образование, како и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

    Предвидени се високи парични казни – од 2.000 до 5.000 евра за правни лица, до 2.000 евра за одговорни лица и до 300 евра за физички лица. Инспекторите ќе имаат право и на привремено затворање на објекти до три месеци за непочитување на забраната.

    Популарно

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Пошумување на опожарена површина на Голак

    03.03.2026 во 21:32

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.