До 23 години родила 26 деца: Животот на „супер мајката“ од Уганда се претворил во пекол (видео)

Маријам Набатаци (41) од Уганда постигнала рекорден број бебиња кога имала 36 години, а сите деца се од ист татко.

Таа се три пати родила четворки, пет пати тројки, а близнаци шест пати.

Но, сега лекарите конечно откриле зошто Маријам е толку плодна. Неа и било кажано дека боледува од ретка генетска состојба поради која би можела толку пати да затрудни и да роди.

„Нејзиниот случај е генетска предиспозиција за хипер овулација, што ослободува повеќе јајца во еден циклус, што значително ја зголемува можноста за повеќе раѓања“, рекол д-р Чарлс Кигугуду, гинеколог во болницата Мулаго во Кампала.

Маријам сега потврдила дека повеќе нема да може да има деца.

„Докторот ми рече дека ми ја отстраниле матката“, изјавила таа за локалните медиуми.

За жал, нејзиниот сопруг заминал пред три години и сега самата ја сноси целата одговорност за одгледување на своето семејство.

Маријам се омажила на 12-годишна возраст со нејзиниот тогашен 40-годишен сопруг. Нејзините први близнаци се родени само една година подоцна.

По раѓањето на првите близнаци, Маријам отишла кај доктор кој и рекол дека има невообичаено големи јајници. Тој ја советувал дека контрацепцијата, како апчиња, може да му наштетат на нејзиното здравје, па децата постојано доаѓале.

Многубројните семејства во Африка се чести, а жените во Уганда раѓаат во просек од 5 до 6 деца, што е едно од највисоките стапки на наталитет на континентот, според Светската банка.

Но, дури и во Уганда, нејзиното семејство се смета за огромно.

Кога имала 23. години, Маријам имала 25. деца и во очај се вратила кај лекарот за да спречи повторно да роди.

Тој ја советувал повторно да забремени

Во последната бременост пред две и пол години, Маријам имала компликации. Таа се породила со шестите близнаци, но за жал едниот од нив починал за време на породувањето.

Потоа ја оставил сопругот, кој честопати бил отсутен.

Неговото име сега е семејно проклетство, а Маријам го колне кога и да зборува за него.

„Пораснав во солзи. Цело време минував во чување и се обидував да заработам пари“, рекла Маријам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега