ДНК анализите ќе бидат завршени денеска на пладне, па ќе им бидат предадени на бугарските надлежни органи, вели Јовески

ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне. Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески утринава во онлајн вклучувањето за бугарската телевизија „Бугарија он ер“.

Тој појасни дека шпекулациите за евентуален осми преживеан патник од несреќата ќе се расчистуваат со споредба на листите од граничните премини на двете земји. 

 

26.11.2021 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега