Дневен Хороскоп: Шкорпијата целата енергија ја насочува кон работата, Ракот го очекува работа во странство

 

ОВЕН

Ги договарате последните детали со странците врзани за почеток на заеднички проект. Имате силна желба да се докажете и проектот да доживее успех. Брачниот партнер не сака да признае дека е незаинтересиран за бракот. Стабилно здравје.

БИК

Целосно сте незадоволни од соработката со надредената личност. Ви смета неговата хистерија, тврдоглавост и ментално ограничување. Уживате во стабилната врска. Живците се тенки.

БЛИЗНАЦИ

Започнете подготовки за почеток на приватен бизнис. Сметате дека имате доволно знаење и искуство самостојно да работите. Хистеријата ви смета и се доведува до прашање опстанокот на врската. Солидно здравје.

РАК

Ве очекува пократок работен пат во странство. Заклучувате спогодба кои овозможуваат долгогодишна соработка. И покрај лошите односи со партнерот, се обидувате да се убедите себе дека бракот има перспектива. Стабилно здравје.

ЛАВ

Имате впечаток дека странските соработнии не се претерано заинтересирани за соработка, па се фокусирате на домашните партнери. Одличен ден за ново познанство. Другата страна е повеќе заинтересирани него вие. Стабилно здравје.

ДЕВИЦА

Денот не може да биде полош. На работа ве чекаат проблеми врзани за работа, финансии и недостаток на резултати. На емотивното поле не ни помислувате. Нервите се почувствителни, неопходен ви е одмор.

ВАГА

Работата нормално се развива, а вие правите планови како понатаму да се проширите. Врската се завршува неславно, а вие не сакате да признаете дека некои ваши потези довеле до тоа. Физички сте добро, ама сте во тешка депресија.

ШКОРПИЈА

Целата своја енергија ја насочувате во областа на работа. Сте поставиле цели кои мора да ги остварите. Делува дека сами себе се докажувате. Уживате во стабилниот однос со партнерот. Време е физички да се активирате.

СТРЕЛЕЦ

Ја прекинувате работната комуникација. Не сакате да соработувате со личност која има хистерија и ги гледа само своите цели. Ви годи добрата комуникација со брачната партнерка. Неопходен ви е одмор.

ЈАРЕЦ

 

Презадоволни сте од разбирањето и соработката со колегите. Правите нови, уште поамбициозни планови. Ве очекува изненадувачки трошок кој ќе ве изнервира. Не сте заинтересирани за љубовното поле. Нервите се чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Незадоволни сте од соработката со странските партнер. Потребни се неопходни промени со кои тие не се сложуваат. Брачниот партнер мисли дека сте напнати, па ве заобиколува. Пречувствителни сте, лесно се вадите од такт.

РИБИ

Вредни сте и сакате јавно признание. Се фокусирате на работи кои може да ви донесат медиумско внимание. Депресивни сте поради прекин на врската. Раскинувањето ве погодило повеќе од што сте очекувале. Стабилно здравје.

23.07.2021 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега