Дневен хороскоп: Поволен период за Девицата, Јарецот да ги намали трошоците

ОВЕН

Можно е да успеете да ги решите работните проблеми од минатиот период и поради тоа ќе се чувствувате многу добро. Вашата љубомора ќе ви донесе немир и криза во бракот. Внимавајте на исхрана.

БИК

Доколку сте очекувале почнување на некоја нова работ, денешниот ден ви е поволен. Подготвени сте да се посветите на саканата личност со која имате многу заеднички интереси. Проблеми со бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Можно е да немате шанса своите работи да ги завршите тогаш кога е предвидено тоа за вас. Здодевно ви е затоа што сте сами. Посакувате почеток на нова врска. Внесувајте повеќе витамини.

РАК

Не би требало да се грижите затоа што ќе ги решите проблемите кои моментално ве мачат на полето работа. Доколку сте слободни, може да очекувате интересна средба која емотивно ќе ве поктрене. Ќе ви годи спортување.

ЛАВ

Очекувајте дека ќе успеете да ја стабилизирате финансиската ситуација. Денешниот ден ви е поволен за работа. Подготвени сте да се посветите на комуникација со личност која ви се допаѓа и да ја освоите. Водете сметка околу бешиката.

ДЕВИЦА

Пред вас е поволен период на полето работа како и за склопување на некои нови соработки. Подготвени сте отворено да го покажете својот интерес кон личноста која ви се допаѓа, и да почнете врска. Нервоза.

ВАГА

Решението на проблемот ви доаѓа побрзо од што сте очекувале. Ќе успеете да ги свртите случувањата во позитивен правец. Чувствата кои ги имате кон својата симпатија, треба да ги покажете. Внимавајте на срцето.

ШКОРПИЈА

Ве очекува период во кој ќе имате некои проблеми на полето работа. Ќе ви биде потребна помош од соработниците. Ќе имате впечаток дека работите со саканата личност тргнале во надолна линија и не знаете како да се поставите. Чувствителна бешика.

СТРЕЛЕЦ

Можно е да бидете наклонети кон правење грешки на полето работа денеска и да имате недостаток на концентрација. Очекувајте дека вашиот одност со личноста која ви значи ќе тргне во подобар правец. Минлива главоболка.

ЈАРЕЦ

Потрудете се своите трошоци да го намалите и подобро да се оргнаизирате кога е во прашање вашето поле на финансии. Иако со саканата личност имате добар однос, чувствувте дека во емотивна смисла нешто ви недостасува. Внимавајте на штитната жлезда.

ВОДОЛИЈА

Денеска би било најдобро да се потрудете околу организација на идните работи кои за вас би можеле да бидат важни. Ве очекува период во кој сериозно ќе размислувте за прекин на емотивната врска. Вкочанетост.

РИБИ

Можно е да успеете да склопите нова соработка со личноста со која досега веќе сте имале некој вид на соработка. Би било добро да си дадете време и да размислите за чувствата. Тегоби врзани за крвотокот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега