Дневен хороскоп: Нови познаства за Стрелецот, напредок за Лавот
ОВЕН
Пред вас е поволен ден на кој може да бидете задоволни ако сте планирале поттикнување на промена на работата. Саканата личност ви покажува дека има длабоки чувства кон вас и уживате во љубовта. Одлично здравје.
БИК
Имате доста работни обврски кои би можеле да ве оптоваруваат. Потрудете се да направите добра организација. Задоволни сте од односот кој го имате со брачниот партнер. Ако сте слободни, тоа ви одговара. Проблеми со крвната слика.
БЛИЗНАЦИ
Може да очекувате дека ќе добиете шанса да го покажете својот талент. Поволен ден за работа. Доколку постои личност која ви се допаѓа, ве очекува пријатна средба со неа. Без проблеми со здравјето.
РАК
Подготвени сте да се впуштите во вложување за кое сметате дека може да ви биде исплатливо на долги патеки. Ве очекува прилика со саканата личност да одлучите да влезете во брак. Внимавајте на исхрана.
ЛАВ
Имате мотивација да се трудите околу работата. Сакате да остварите напредок. Пред вас е фаза која носи дополнителна искреност помеѓу вас и саканата личност која ви значи. Главоболка е можна.
ДЕВИЦА
Пред вас е поволен ден за работа. Може да очекувате дека ќе имате прилика за подобрување на финансиите. Се наоѓате пред голема дилема – дали да останете во сегашната врска или не. Проверете ја ситуацијата со штитната жлезда.
ВАГА
Имате големи очекувања на полето работа, но денешниот ден не ви носи подобрување на кое сте се надевале. На саканата личност и покажувате дека ви значи нејзиното мислење. Ве очекува поволен период. Вртоглавица.
ШКОРПИЈА
Се трудите да покажете на надредените дека ви е потребно многу повеќе време да одработите некои задачи. Ви се допаѓа личност која не е сигурна во своите чувства. Добро се чувствувате во својата кожа.
СТРЕЛЕЦ
Се препорачува да не се двоумите премногу околу работните чекори кои треба да ги повлечете во следниот период. Ново познанство ви доаѓа во следниот период. Добро здравје ве очекува.
ЈАРЕЦ
Стагнацијата на работното поле не ви годи затоа што не чувствувате дека сте подготвени за големи промени. Во вашиот однос со партнерот имате пречки и недоразбирања кои на некој начин се сега против вас. Хронични проблеми.
ВОДОЛИЈА
Ви треба помош за да успеете да ги разрешите работните дилеми кои ги имате. Ви годи слободата која сте ја добиле во односот со саканата личност. Не сакате љубомора во врската. Водете сметка околу цревата.
РИБИ
Работата ви оди во добро темпо и немате големи проблеми. Односот со соработниците ви е задоволителен. Ако ви се допаѓа лилноста која неодамна сте ја запознале, ќе бидете во врска со неа. Чувајте ги бубрезите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа