Дневен хороскоп: Криза во врската кај Ракот, Јарецот се плаши да не биде повреден

ОВЕН

Не сте задоволни од соработката со надредената личност. Верувате дека ви одговараат многу предизвикувачки обврски, од оние што тој ви ги дава. Пружате љубов и поддршка на партнерот, што му е најпотребно во моментов. Уморни сте.

БИК

Тешкотиите кои непланирно ви се појавуваат, пробувате да ги решите во од. Сепак, се гледа дека за нив ви е потребно многу повеќе време. Немате потреба да комуницирате со другата половина. Штитната жлезда ви е чувствителна.

БЛИЗНАЦИ

Инвентивни сте и смислувате нови начини на реализација на плановите. Не се чувствувате добро во врската. Довербата не е присутна, и тоа го прави односот нестабилен. Проблеми со коските и колената.

РАК

Задоволни сте од работата. Прилив на финансии ви го дава потребното чувство на сигурност. Врската е во криза. Саканата личност смета дека многу малку се посветувате на нејзе. Проблеми со варењето на храната.

ЛАВ

Заинтересирани сте за нови идеи, кои ви се чинат одлични. Се обидувате да ги примените, но сфаќате дека мора и понатаму да се работи на нив. Пробувате да ја шармирате симпатијата, но не ви оди од рака. Чувствителни гениталии.

ДЕВИЦА

Целосно сте фокусирани на работа. Го проверувате уште еднаш целиот процес на работа за да ја отстраните грешката. Она што ви е најважно во врската, тоа ви недостасува, а тоа е квалитетна комуникација. Циркулацијата е слаба.

ВАГА

Ситуацијата на работа е стабилна, а вие сте задоволни. Не ви излегува од глава поранешната љубов. Конечно, сфаќате дека проблемите во врскaта биле врзани за вашето однесување, ама за тоа не сте ни биле свесни. Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Работата е во фаза на мирување што ве загрижува. Пробувате да смислите начин да ја „разбудите“. Емотивно сте задоволни. Партнерот е расположен, а вие му се посветувате. Проблеми со бешиката.

СТРЕЛЕЦ

Проблеми во комуникацијата со колегите. Пробувате на мирен начин да најдете решение за проблемите, но другата страна е премногу тврдоглава. Не сте заинтересирани за љубов во моментов. Проблеми со гениталиите.

ЈАРЕЦ

Вашите ставови се крути. Ви недостасува ширина и отвореност кон ставовите на другата страна. Емоциите ви работат, но не ги покажувате. Се плашите да не бидете повредени. Дишните органи се чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Цел ви е работа на заеднички проект со странски соработници. Иницирате состанок и пробувате да ги заинтересирате. Ви пречи однесувањето на партнерот. Сметате дека за љубомора нема причина. Стабилно здравје.

РИБИ

Инвентивни сте. Се фокусирате на развој на нови идеи и задоволни сте како процесот напредува. Не сте задоволни од односот на партнерот. Имате впечаток дека секогаш нешто му пречи. Одлично здравје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2020 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега