Дневен хороскоп: Eден знак ќе добие покачување на платата

ОВЕН

Прилично сте заинтересирани за нова работа која би можела да ви донесе додатни обврски за кои моментално не сте подготвени. Доколку ви се допаѓа некоја зафатена особа, можете да се откажете од тоа. Подложни сте на инфекции.

БИК

Доколку сакате да остварите напредок важно е да направите соодветна стратегија за своите потези. Воодушевени сте од личноста за која се грижите и сакате да и предложите да ја направите вашата врска официјална. Можни се проблеми со варењето.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува поволен ден и можете да се надевате дека на деловно поле ќе ги остварите вашите планови. Во вас се буди потреба со саканата личност да остварите семејство. Ќе ви годи некој вид на рекреација.

РАК

Искористете ги своите контакти за да постигнете напредување на деловен план кое одамна го посакувате. Очекувајте средба со личност која ќе ви покаже дека е заинтересирана за необавезна врска со вас. Ќе бидете одлично расположени.

ЛАВ

Дајте си шанса да се одморите од работата. Немојте да се форсирате ако чувствувате дека моментално не ви оди. Со вашиот партнер ви претстојат доста романтични мигови и ќе биде задоволни додека уживате во прегратките. Внимавајте на срцето.

ДЕВИЦА

Конечно ќе можете да завршите некои работи кои се одолговлекуваат во изминатиот период. Отворено ќе ги покажувате своите чувства и ќе се надевате дека партнерот ќе ви возврати со иста мера. Ќе се чувствувате одлично.

ВАГА

Можете да очекувате дека работата ќе ви оди прилично стабилно во наредниот период. Подготвени сте за нова врска. Внатре во себе чувствувате дека се желни за емоции и промена на љубовно поле. Можни се мали проблеми со забите.

ШКОРПИЈА

Ве очекува тежок ден на работното место. Потрудете се да избегнувате било какви ризици кои можат да доведат до загуба. Склони сте кон конфликти во односот со личност за која се грижите. Важно е некогаш да покажете трпение. Внимавајте на низок притисок.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е период во кој можете да имате доста деловни проблеми. Подготвени сте за нови предизвици на ова поле. Ќе запознаете личност која ви се допаѓа и подготвени сте да ја освоите. Можна е главоболка.

ЈАРЕЦ

Ве очекува поволна фаза за работа. Можете да ги остварите вашите планови кои сте ги имале за иднината. Можно е да бидете изненадени од ставот кој го покажува вашиот партнер. Понекогаш ви се чини дека сте многу различни. Ќе ви годи медитација.

ВОДОЛИЈА

Можно е во деловното опкружување да оставате впечаток на студена и дистанцирана личност со која никој не сака да соработува. Љубовниот однос со Рак оди во погрешна насока. Вие двајца не сте еден за друг. Можни се проблеми со стомакот.

РИБИ

Денес не ви е поволен ден за работа, може да дојде до некои компликации многу лесно. Очекувајте интересно познанство со личност која ќе покаже дека е подготвена за нешто повеќе. Внимавајте на бубрезите.

12.08.2022 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега