Close Menu
Press24
    Најново

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дневен хороскоп: Трпението клуч за успех кај Овенот, Бикот ќе реши некоја обврска што го оптоварувала

    Дневен хороскоп: Трпението клуч за успех кај Овенот, Бикот ќе реши некоја обврска што го оптоварувала

    19.08.2026 во 09:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Астролошките влијанија за денешниот ден носат разновидна енергија за сите хороскопски знаци – од фокус на професионалните обврски и финансиите, до потреба од одмор и посветеност на семејството.

    Овен Денес имате силна енергија и желба да ги преземете нештата во свои раце. Внимавајте на импулсивните реакции во комуникацијата со колегите — брзината е добра, но трпението денес е клуч за успех.

    Бик Фокусот денес ви е насочен кон финансиите или практичните прашања. Може да добиете корисна информација или можност за решавање на некоја обврска што ве оптоварувала. Вечерта искористете ја за одмор.

    Близнаци Месечината го поддржува вашиот знак и ви носи одлична комуникација. Денес е идеален ден за состаноци, важни разговор и планови за иднината. Во љубовта, искрениот разговор ќе донесе зближување.

    Рак Денес ви е потребен малку помирно темпо. Не се форсирајте со премногу обврски одеднаш. Посветете внимание на вашите внатрешни потреби и организирајте си го времето за да избегнете непотребен стрес.

    Лав Со сонцето на ваша страна, сè уште ја чуствувате вашата енергија на високо ниво. Денешниот ден е одличен за соработка со пријатели, тимови или за остварување нови контакти кои можат да ви отворат нови врати.

    Девица Денот носи можност да се истакнете на професионален план. Вашата прецизност и око за детали ќе бидат забележани од вистинските луѓе. Сепак, не заборавајте да одвоите време и за семејството.

    Вага Денес копнеете за нови искуства, учење или патување. Доколку сте на работа, ќе имате свежи идеи кои ќе ги воодушеват колегите. Внимавајте да не преземате повеќе обврски отколку што можете да исполните.

    Скорпија Длабоките емоции и интуицијата ви се засилени. Денес успешно ќе решите некоја финансиска или административна прашање. Во приватниот живот, искреноста ќе го зајакне односот со партнерот.

    Стрелец Партнерските односи се во фокусот денес — било да се работи за бизнис или за љубов. Отворениот пристап и подготвеноста за компромис ќе ви донесат одлични резултати и мир во комуникацијата.

    Јарец Ви претстои продуктивен ден во кој лесно ќе ги завршувате сите дневни задачи. Вашата дисциплина е на ниво, но внимавајте да не се преоптоварите. Најдете малку време и за физичка активност или релаксација.

    Водолија Креативноста и инспирацијата ви се на високо ниво. Ова е одличен ден за уметнички проекти, хобија или забавни активности со саканите. Во љубовта ве очекуваат пријатни изненадувања.

    Риби Денес најмногу ќе ви годи домашната атмосфера и времето поминато со семејството. Погодни се условите за уредување на домот или за решавање на некои приватни прашања кои ги одложувавте.

    Прочитај повеќе

    Игор Џамбазов домаќин на боемите, македонскиот шоумен во поддршка на македонската музика

    28.10.2026 во 09:51

    Дневен хороскоп: Овенот да избегнува шопинзи, Вагата ја очекува важен разговор

    28.10.2026 во 09:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.