Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 30-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и Годишниот извештај за работа на ДКСК за 2025 година.
Антикорупционерите ќе го разгледаат и годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021–2025 за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, како и завршниот извештај за спроведување на стратегијата за целиот петгодишен период.
На дневен ред се и посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за повторните избори во 2026 година, како и постапувањето по пријави од укажувачи.

