Диви свињи „упаднаа“ во локал во Белград

На социјалните мрежи се појави видео од две диви свињи како пливаат во Сава, се качуваат по скалите, а потоа хистерично трчаат по шеталиштето.

Откако допливале до салата Бетон во Белград, животните влегле во еден од клубовите во тој кварт, но брзо биле евакуирани.

„Две диви свињи упаднаа во кафеана во салата Бетон. Успешно и брзо успиено и евакуирано“, се наведува заедно со видеото кое е објавено на страницата Србија во живо – Белград.

„Упадот“ на свињите не е видлив, но на видеото се гледа тензичната акција на властите во лов на „непоканети гости“.

Мисијата е успешно извршена и гледаме како во возилото „Ветеринарно Белград“ се внесува заспана свиња, а коментарите на видеото најмногу се однесуваат на понатамошната судбина на животните, пренесува nova.rs.

07.06.2023 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега