Дивееле со над 90 км/час во населено место: Приведени пет лица во Куманово
Вчера полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода пет лица по член 297А од Кривичниот законик. М.П.(52) од Куманово бил лишен од слобода затоа што при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со брзина од 94 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. Кај Ј.Н. (50) од Крива Паланка било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген тигуан“ со брзина од 99 километри на час во населено место, каде што дозволената брзина е 40 километри на час. С.С.(18) од Куманово управувал патничко моторно возило „фиат“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
Додека, А.А.(40) од Куманово управувал патничко моторно возило „порше“ со брзина од 102 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. С.В.(38) од Скопје бил лишен од слобода затоа што управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.17 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа