Дивеел со БМВ во населено место - Македонската полиција уапси младо момче
На 25.05.2025 во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(19) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал патничко моторно возило „бмв“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
26.05.2025 - 10:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа